Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.165 тестирања, а има 813 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 549
- Битола – 49
- Куманово – 40
- Кавадарци – 25
- Охрид – 20
- Струмица – 17
- Прилеп – 16
- Штип – 11
- Струга – 10
- Гостивар и Велес – по 9
- Гевгелија – 7
- Кочани – 6
- Ресен и Виница – по 5
- Крива Паланка, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 4
- Тетово, Кичево, Неготино, Берово и Дебар – по 3
- Демир Хисар – 2, Свети Николе и Валандово – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 3 од Скопје (56г, 74г и 78г) и по едно од Тетово (78г), Валандово (58г) и Кичево (78г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, 2 починати лица од Тетово (странец) и по едно починато лице од Кичево и Гостивар, починати во период од 27 - 29.12.2021г. Починатите се на возраст од 57 години до 68 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 998 оздравени пациенти од:
- Скопје – 498
- Прилеп – 105
- Битола – 58
- Охрид и Струмица – по 38
- Велес – 27
- Кичево – 22
- Кавадарци – 21
- Гевгелија и Валандово – по 20
- Куманово и Ресен – по 18
- Штип – 16, Неготино – 15
- Крива Паланка – 11
- Радовиш и Делчево – по 10
- Свети Николе – 9
- Македонски Брод – 8
- Тетово и Богданци – по 7
- Кочани – 6
- Демир Хисар – 4
- Гостивар и Крушево – по 3
- Струга и Македонска Каменица – по 2
- Виница и Берово – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 234.277, бројот на оздравени пациенти е 215.852, на починати е 8.042, а бројот на активни случаи изнесува 10.383.