Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 6.980 тестирања, а има 805 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 240
- Гостивар – 138
- Тетово – 136
- Куманово – 53
- Струмица – 50
- Кичево – 46
- Охрид – 32
- Дебар – 18
- Битола и Струга – по 15
- Велес – 13
- Кавадарци – 9
- Прилеп и Свети Николе – по 7
- Штип – 6
- Кочани, Ресен и Радовиш – по 4
- Берово и Виница – по 2
- Валандово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1
Пријавени се 10 починати лица: 4 од Тетово (53г, 72г, 72г и 73г), 2 од Кичево (28г и 53г), и по едно од Гостивар (44г), Скопје (56г), Дебар (86г) и Куманово (60г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од:
- Гостивар – 33
- Скопје – 21
- Дебар – 10
- Куманово – 4
- Струмица – 3
- Кавадарци – 2
- Кичево, Битола, Виница и Кочани – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.164 бројката на оздравени пациенти е 150.851, на починати е 5.552, а бројот на активни случаи изнесува 5.761.