Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.265 тестирања, а има 8 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 3
- Струмица – 2
- Куманово, Велес и Кичево по 1
Не се регистрирани нови починати лица.
Има 72 оздравени пациенти од:
- Скопје – 23
- Куманово, Прилеп и Кичево по 7
- Гостивар и Охрид по 6
- Битола – 5
- Тетово – 4
- Радовиш – 3
- Штип – 2
- Струмица и Дебар по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287.