Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.748 тестирања, а има 766 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 521
- Битола – 33
- Куманово – 32
- Струмица – 23
- Кавадарци – 20
- Прилеп – 19
- Штип – 17
- Охрид – 16
- Струга и Гевгелија – по 9
- Кичево и Ресен – по 8
- Велес – 7
- Гостивар – 6
- Тетово – 5
- Свети Николе, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 4
- Неготино и Крива Паланка – по 3
- Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2
- Делчево, Дебар, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1
Од вкупниот број на позитивни (766), регистрирани се 86 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 од Скопје (63г, 65г, 80г и 81г), 2 од Битола (80г и 82г) и по едно од Охрид (58г), Гевгелија (72г), Кавадарци (67г), Крива Паланка (74г), Кочани (48г) и Демир Хисар (82г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар и Дебар, починати во период од 03.01 - 11.01.2022г. Починатите се на возраст од 62 години до 75 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 486 оздравени пациенти од:
- Скопје – 339
- Битола – 26
- Прилеп – 23
- Кавадарци – 18
- Тетово – 14
- Штип – 11
- Куманово, Гевгелија и Крива Паланка – по 8
- Струмица и Велес – по 6
- Кичево – 4
- Валандово и Радовиш – по 3
- Неготино – 2
- Охрид, Ресен, Гостивар, Свети Николе, Богданци, Кочани и Виница – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397.