Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.724 тестирања, а има 760 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 325
- Куманово – 65
- Тетово – 63
- Гостивар – 37
- Струмица – 31
- Кичево – 28
- Струга – 26
- Охрид, Штип и Дебар – по 24
- Кавадарци – 18
- Велес – 17
- Прилеп, Битола и Радовиш – по 9
- Кочани – 8
- Неготино и Делчево – по 5
- Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 4
- Ресен и Берово – по 3
- Крива Паланка, Виница, Богданци и Македонски Брод – по 2
- Гевгелија, Валандово и Крушево – по 1
Пријавени се 23 починати лица: 9 од Скопје (82г, 81г, 79г, 71г, 70г, 60г, 59г, 58г и 48г), по 2 од Куманово (77г и 67г), Прилеп (81г и 78г), Гостивар (74г и 65г), Струмица (83г и 68г), Кичево (73г и 71г) и Дебар (75г и 59г) и по едно од Тетово (48г) и Виница (47г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 644 оздравени пациенти од:
- Скопје – 219
- Тетово – 94
- Гостивар – 81
- Куманово – 47
- Струмица – 34
- Кавадарци – 24
- Дебар – 22
- Кичево -21
- Битола и Ресен – по 12
- Велес – 10
- Кочани – 9
- Радовиш – 7
- Прилеп, Штип и Кратово – по 6
- Неготино – 5
- Гевгелија, Свети Николе, Берово и Виница – по 4
- Валандаво ,Македонски Брод и Пехчево – по 2
- Охрид, Струга, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.159, бројката на оздравени пациенти е 157.294, на починати е 5.987, а бројот на активни случаи изнесува 14.878.