Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.197 тестирања, а има 711 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 505
- Кавадарци – 30
- Струмица – 26
- Куманово – 25
- Охрид – 21
- Битола и Штип – по 17
- Прилеп – 12
- Струга и Гевгелија – по 9
- Тетово – 7
- Велес – 5
- Гостивар, Неготино и Богданци – по 4
- Делчево – 3
- Кочани, Пробиштип и Демир Капија – по 2
- Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Македонски Брод и Дојран – по 1
Од вкупниот број на позитивни (711), регистрирани се 84 реинфекции.
Регистрирани сe 7.170 оздравени пациенти од:
- Скопје – 3.633
- Битола – 602
- Куманово – 309
- Кавадарци – 284
- Прилеп – 230
- Тетово – 191
- Охрид – 177
- Штип – 175
- Велес – 174
- Гевгелија – 159
- Струмица – 147
- Гостивар – 134
- Кичево – 120
- Кочани – 98
- Ресен – 94
- Радовиш – 88
- Неготино – 87
- Струга – 86
- Делчево – 65
- Валандово – 56
- Свети Николе – 51
- Богданци – 31
- Демир Хисар – 29
- Крива Паланка – 28
- Крушево – 25
- Македонска Каменица – 18
- Пробиштип – 17
- Берово – 16
- Дебар – 10
- Виница – 8
- Демир Капија, Македонски Брод и Кратово – по 7
- Дојран – 4
- Пехчево – 3
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 10 од Скопје (49г, 52г, 59г, 62г, 67г, 68г, 70г, 71г, 85г и 87г), по 2 од Гевгелија (67г и 75г), Охрид (79г и 86г) и Струга (73г, и 74г) и по едно од Битола (84г), Делчево (75г), Кичево (86г), Кратово (29г), Неготино (56г) и Струмица (82г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Кичево (2), Валандово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 56г до 81г. Пријавените лица се починати во домашни услови, во период од 26.01.2022 -27.01.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=26), 14 лица се целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а бројот на активни случаи изнесува 13.628.