Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.790 тестирања, а има 690 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 490
- Кавадарци – 42
- Куманово – 26
- Струмица – 25
- Штип – 20
- Гостивар и Охрид – по 15
- Велес и Неготино – по 9
- Битола – 8
- Тетово – 6
- Прилеп и Гевгелија – по 4
- Кичево, Кочани и Дебар – по 3
- Струга – 2
- Радовиш, Крива Паланка , Виница, Пробиштип, Кратови и Демир Капија – по 1
Од вкупниот број на позитивни (690), регистрирани се 94 реинфекции.
Од вкупниот број на починати лица (n=21), 6 лица се целосно вакцинирани, а кај 18 лица се регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 12 од Скопје (65г, 66г, 69г, 70г, 71г, 73г, 73г, 76г, 79г, 87г, 88г и 89г), 2 од Охрид (79г и 85г), и по едно од Гостивар (84г),Струга ( 78г) Куманово (66г) и Битола (83г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 3 починати лица, Охрид (1), Струмица (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 43г до 68г. Од пријавените лица две лица се починато во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 - 05.02.2022г.
Регистрирани сe 676 оздравени пациенти од:
- Скопје – 460
- Прилеп – 67
- Тетово – 33
- Струмица и Охрид – по 24
- Гостивар – 21
- Кочани – 14
- Струга – 10
- Штип – 6
- Македонски Брод – 3
- Гевгелија, Радовиш, Виница, Кратово и Богданци – по 2
- Делчево, Валандово, Крушево и Демир Хисар – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.872, бројот на оздравени пациенти е 257.956, на починати е 8.599, а бројот на активни случаи изнесува 12.317.