Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.618 тестирања, а има 674 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 253
- Тетово – 105
- Гостивар – 44
- Куманово – 36
- Струмица – 32
- Кичево – 26
- Прилеп – 24
- Дебар – 19
- Битола – 18
- Штип – 16
- Свети Николе – 14
- Струга – 13
- Велес, Кавадарци и Охрид – по 12
- Ресен – 7
- Кочани, Гевгелија и Кратово – по 5
- Виница – 4
- Неготино – 3
- Берово и Пехчево – по 2
- Крива Паланка,Радовиш, Валандово, Богданци и Македонски Брод – по 1
Пријавени се 27 починати лица: 7 од Тетово (49г, 69г, 71г, 74г, 74г, 81г и 89г), 6 од Гостивар (37г, 65г, 71г, 72г ,74г и 76г), 5 од Скопје (49г, 60г, 68г, 78г и 87г), по 2 од Дебар (49г и 61г), Свети Николе (58г и 73г) и Струга(36г и 77г) и по едно од Куманово (63г), Струмица (56г) и Велес (69г). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 403 оздравени пациенти од:
- Скопје – 108
- Гостивар -103
- Куманово -31
- Кичево и Дебар – по 20
- Струмица и Кавадарци – по 15
- Прилеп и Штип – по 12
- Битола – 9
- Тетово – 8
- Свети Николе – 7
- Кочани ,Берово и Валандово – по 6
- Велес ,Гевгелија и Кратово – по 5
- Ресен и Пехчево – по 3
- Македонски Брод – 2
- Делчево и Пробиштип – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.330, бројката на оздравени пациенти е 155.101, на починати е 5.869, а бројот на активни случаи изнесува 14.360.