Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.597 тестирања, а има 656 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 257
- Битола – 38
- Куманово – 34
- Прилеп – 31
- Штип – 30
- Кавадарци – 27
- Тетово – 26
- Велес – 24
- Кочани – 23
- Охрид и Крива Паланка – по 18
- Струмица, Неготино и Делчево – по 13
- Гевгелија – 12
- Кратово – 11
- Радовиш – 10
- Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по 8
- Струга – 6
- Кичево, Свети Николе, Крушево и Македонска Каменица – по 4
- Берово, Виница, Богданци и Демир Капија – по 3
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 13 починати лица: 4 од Скопје (67г, 76г, 80г и 86г), 2 од Куманово (65г и 70г) и по едно од Гевгелија (71г), Кавадарци (84г), Охрид (76г), Прилеп (71г), Радовиш (70г), Свети Николе (83г) и Штип (74г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени осум починати лица со датум на смрт од 31.10.2021 до 08.11.2021. Тие се од Скопје (4), Прилеп (1), Охрид (1), Кавадарци (1) и Велес (1) на возраст од 49 до 89 години, од кои 2 се починати во домашни услови и 6 во болнички услови.
Регистрирани сe 273 оздравени пациенти од:
- Скопје – 153
- Куманово – 20
- Кочани – 16
- Прилеп – 14
- Кавадараци – 12
- Велес – 10
- Битола, Штип и Крива Паланка – по 6
- Тетово и Неготино – по 4
- Делчево – 3, Струмица, Струга, Гевгелија, Радовиш, Виница, Пробиштип и Крушево - по 2
- Гостивар, Охрид, Ресен, Кратово и Демир Хисар – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.566, бројот на оздравени пациенти е 191.922, на починати е 7.276, а бројот на активни случаи изнесува 8.368.