Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 6.531 тестирања, а има 632 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 470
- Охрид – 35
- Прилеп – 25
- Кавадарци и Штип – по 17
- Струмица – 14
- Велес – 10
- Гевгелија – 9
- Кичево – 5
- Неготино – 4
- Куманово – 3
- Тетово, Битола, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Богданци – по 2
- Кочани, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Пробиштип – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 од Скопје (68г и 76г) и Битола (40г и 75г) и по едно од Прилеп (67г), Охрид (72г) и Крушево (74г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, по едно лице од Прилеп, Кратово, Дебар и Гостивар, починати во период од 20.12.2021 до 05.01.2022г. Починатите се на возраст од 69 години до 87 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 248 оздравени пациенти од:
- Скопје – 142
- Битола – 22
- Кавадарци – 13
- Охрид – 10
- Прилеп – 7
- Куманово – 6
- Штип, Струмица, Велес и Гевгелија – по 5
- Валандово, Ресен и Македонски Брод – по 4
- Тетово, Богданци и Берово – по 3
- Дојран – 2
- Кичево, Неготино, Струга, Кочани и Делчево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 232.068, бројот на оздравени пациенти е 214.506, на починати е 8.023, а бројот на активни случаи изнесува 9.539.