Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.818 тестирања, а има 631 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 337
- Велес – 45
- Битола – 32
- Куманово – 30
- Кавадарци – 26
- Прилеп – 24
- Тетово и Охрид – по 18
- Струмица – 17
- Кичево – 15
- Гостивар – 8
- Неготино и Дебар – по 7
- Гевгелија, Ресен и Крива Паланка – по 6
- Штип и Делчево – по 5
- Кочани, Струга и Радовиш – по 3
- Пробиштип и Богданци – по 2
- Свети Николе, Виница, Кратово, Македоснки Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1
Од вкупниот број на позитивни (631), регистрирани се 102 реинфекции.
Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 од Скопје (75г и 91г) и по едно од Куманово (81г), Кавадарци (70г), Струга (81г) и Прилеп (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Свети Николе (1), и Радовиш (1). Починатите лица се на возраст од 74г. до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 15.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.
Регистриран сe 910 оздравени пациенти од:
- Скопје – 504
- Битола – 43
- Куманово, Кавадарци и Велес – по 37
- Прилеп – 28
- Тетово – 27
- Охрид – 21
- Струмица и Струга – по 18
- Кичево и Гевгелија – по 16
- Гостивар – 15
- Радовиш – 13
- Штип – 12
- Свети Николе – 11
- Неготино – 10
- Ресен – 8
- Валандово – 6
- Кочани и Берово – по 5
- Виница – 4
- Крива Паланка и Богданци – по 3
- Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 2
- Пробиштип, Крушево, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.712, бројот на оздравени пациенти е 281.582, на починати е 8.968 а бројот на активни случаи изнесува 5.162.