Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.557 тестирања, а има 62 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 33
- Гостивар и Струмица по 4
- Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево по 3
- Куманово 2
- Тетово, Велес, Кочани и Кратово по 1
Пријавени се вкупно 14 починати лица: 6 од Скопје (58г, 60г, 63г, 72г, 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г).
Регистрирани се 245 оздравени пациенти од:
- Скопје 148
- Битола 17
- Струмица 15
- Виница 9
- Кочани 8
- Кичево 7
- Прилеп, Тетово и Штип по 6
- Куманово 4
- Велес и Берово по 3
- Гостивар, Свети Николе, Делчево, Валандово и Пехчево по 2
- Ресен, Радовиш и Крушево по 1
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636.