Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.501 тестирања, а има 601 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 217
- Битола – 68
- Велес – 34
- Кавадарци и Куманово – по 31
- Прилеп и Штип – по 28
- Крива Паланка – 18
- Кочани и Тетово – по 17
- Гевгелија – 16
- Делчево, Кичево, Охрид и Радовиш – по 10
- Берово – 9
- Неготино – 8
- Македонска Каменица и Ресен – по 5
- Богданци, Виница и Гостивар – по 4
- Кратово, Пробиштип и Струмица – по 3
- Демир Хисар, Крушево и Свети Николе – по 2
- Македонски Брод и Струга – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 13 починати лица: по 2 од Скопје (72г, и 81г), Куманово (60г и 89г) и Кочани (64г и 72г) и по едно од Кавадарци (78г), Демир Хисар (75г), Битола (68г), Крива Паланка (58г), Велес (73г), Неготино (45г), и Виница (78г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 304 оздравени пациенти од:
- Скопје – 141
- Куманово – 26
- Велес – 16
- Прилеп и Кавадарци – по 15
- Битола и Штип – по 14
- Охрид – 10
- Тетово и Кочани – по 7
- Пробиштип – 6
- Свети Николе – 5
- Струмица, Гевгелија, Неготино и Делчево – 4
- Кичево, Струга, Валандово и Демир Хисар – по 2
- Гостивар, Ресен, Виница и Кратово – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623, бројот на оздравени пациенти е 190.570, на починати е 7.217, а бројот на активни случаи изнесува 7.836.