Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.362 тестирања, а има 577 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 265
- Куманово – 54
- Тетово – 26
- Прилеп – 21
- Струмица – 20
- Кичево – 17
- Гостивар и Велес – по 16
- Кочани – 15
- Штип – 14
- Битола – 13
- Берово- 12
- Кавадарци – 11
- Свети Николе – 9
- Охрид – 8
- Струга, Ресен и Пробиштип – по 7
- Радовиш и Валандово – по 6
- Делчево, Виница и Кратово – по 5
- Пехчево – 3
- Дебар и Демир Капија – по 2
- Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица - по 1
Пријавени се 30 починати лица: 7 од Скопје (53г, 65г, 72г, 78г, 82г, 83г, и 85г), по 5 од Гостивар (23г, 37г, 66г, 70г и 71г) и Струмица (55г, 67г, 72г, 76г и 79г), по 3 од Тетово (60г, 71г и 90г) и Куманово (34г, 53г и 57г) и по едно од Битола (80г), Радовиш (64г), Велес (55г), Охрид (71г), Струга (41г), Крива Паланка (85г) и Берово (88г). Од пријавените, 27 се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.
Регистрирани сe 1.010 оздравени пациенти од:
- Скопје – 443
- Тетово – 112
- Куманово и Гостивар – по 75
- Струмица – 46
- Кичево – 42
- Кавадарци – 25
- Прилеп и Битола – по 21
- Штип – 20
- Радовиш – 19
- Свети Николе – 18
- Ресен – 15
- Дебар – 13
- Велес и Кочани – по 12
- Кратово – 8
- Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 5
- Охрид, Виница и Богданци – по 4
- Валандово и Крушево – по 2
- Струга и Крива Паланка – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166.