Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.072 тестирања, а има 554 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 309
- Куманово – 44
- Прилеп и Велес – по 20
- Тетово, Битола и Кавадарци – по 17
- Кочани – 16
- Кичево – 11
- Охрид – 10
- Крива Паланка – 9
- Гевгелија и Ресен – по 6
- Струмица и Штип – по 5
- Неготино, Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 4
- Гостивар, Струга, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 3
- Дебар, Берово, Делчево и Пробиштип – по 2
- Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1
Пријавени се 17 починати лица: 10 од Скопје (93г, 82г, 73г, 71г, 62г, 44г, 40г, 36г, 34г и 33г), 2 од Прилеп (75г и 64г) и по едно од Куманово (85г), Струмица (74г), Кичево (76г), Кочани (63г) и Демир Хисар (59г). Сите се починати во болнички услови.
Регистриран e 891 оздравен пациент од:
- Скопје – 360
- Охрид – 132
- Струга – 105
- Куманово и Струмица – по 42
- Тетово – 26
- Велес – 20
- Гостивар – 19
- Прилеп и Штип – по 18
- Битола и Кичево – по 16
- Кавадарци – 9
- Кочани, Радовиш, Дебар и Берово – по 8
- Гевгелија и Ресен – по 6
- Свети Николе и Кратово – по 5
- Виница и Пробиштип – по 3
- Крива Паланка, Валандово и Дојран – по 2
- Делчево и Македонска Каменица – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.