Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.029 тестирања, а има 550 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 214
- Битола – 58
- Куманово – 30
- Кавадарци – 27
- Велес – 26
- Тетово – 23
- Штип – 22
- Прилеп – 19
- Кочани – 18
- Крива Паланка – 15
- Пробиштип – 11
- Кичево – 9
- Струмица и Неготино – по 8
- Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 7
- Берово и Крушево по – 6
- Охрид, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 5
- Валандово – 4
- Струга и Македонска Каменица – по 2
- Богданци – 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 5 од Скопје (32г, 70г, 70г, 87г и 88г), 2 (75г и 86г) и по едно од Велес (64г), Крива Паланка (69г), Струмица (63г), Кочани (87г) и Тетово (85г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четри починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 30.10.2021. Тие се од Скопје, Куманово, Битола, и Пробиштип на возраст од 73 до 81 години, од кои 1 е починато во болнички услови, а 3 се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 390 оздравени пациенти од:
- Скопје – 167
- Куманово – 45
- Велес – 27
- Кавадарци – 21
- Тетово и Штип – по 16
- Кочани – 15
- Прилеп, Битола, Охрид и Струмица – по 10
- Гевгелија – 7
- Свети Николе и Крива Паланка – по 5
- Кичево, Струга и Валандово по – 4
- Радовиш, Виница и Кратово – по 3
- Неготино и Богданци – по 2
- Пробиштип - 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 204.416, бројот на оздравени пациенти е 189.947, на починати е 7.194, а бројот на активни случаи изнесува 7.275.