Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.632 тестирања, а има 526 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 245
- Куманово – 43
- Велес – 22
- Прилеп и Охрид – по 19
- Штип – 18
- Кавадарци – 17
- Струмица – 16
- Крива Паланка – 15
- Битола – 12
- Тетово – 11
- Гостивар и Кочани – по 10
- Кичево и Гевгелија – по 9
- Свети Николе – 8
- Виница и Валандово – по 6
- Струга и Ресен – по 5
- Кратово – 4
- Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3
- Делчево и Демир Хисар – по 2
- Неготино, Дебар, ДемирКапија и МакедонскаКаменица – по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 9 од Скопје (83г, 83г, 77г, 76г, 74г, 63г, 57г, 51г и 42г), 2 од Куманово (63г и 60г) и по едно од Велес (75г), Кратово (42г) и Кичево (42г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 14 лица, со датум на смрт во период од 02.09.2021 до 17.09.2021 година. Овие починати лица се: 4 од Скопје, 2 од Струмица и по едно починато лице од Берово, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Тетово, Охрид и Гевгелија. Починатите се на возраст од 37-92 години, од кои 7 лица починале во болнички услови, додека останатите 7 лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 830 оздравени пациенти од:
- Скопје – 250
- Струга – 186
- Охрид – 103
- Струмица – 91
- Куманово – 28
- Тетово – 22
- Кичево – 18
- Кавадарци – 17
- Велес, Штип и Битола – по 12
- Кочани – 10
- Прилеп и Гостивар – по 9
- Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Берово – по 6
- Кратово и Дебар – по 5
- Ресен, Радовиш, Пробиштип, Делчево, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево – по 2
- Крива Паланка, Виница и Богданци - по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.635 бројката на оздравени пациенти е 169.946, на починати е 6.539, а бројот на активни случаи изнесува 12.150.