Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.622 тестирања, а има 511 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 247
- Куманово – 54
- Велес – 29
- Кочани – 21
- Битола – 20
- Тетово, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15
- Крива Паланка – 10
- Делчево – 9
- Гевгелија – 8
- Кичево – 7
- Неготино и Свети Николе – по 6
- Виница – 5
- Охрид и Богданци – по 4
- Струмица, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3
- Ресен и Демир Хисар – по 2
- Гостивар, Берово, Пробиштип, Крушево и Македонкса Каменица – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: 4 од Скопје (82г, 79г, 64г и 51г), 2 од Куманово (81г и 49г) и по едно од Битола (71г), Велес (75г), Штип (67г) и Македонска Каменица (69г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 497 оздравени пациенти од:
- Скопје – 255
- Куманово – 65
- Велес и Штип – 21
- Прилеп – 17
- Тетово – 14
- Струмица – 13
- Битола – 12
- Охрид – 10
- Кавадарци и Гевгелија – по 8
- Кичево и Пробиштип – по 7
- Струга и Кочани – по 6
- Радовиш и Македонска Каменица – по 5
- Крива Паланка и Виница – по 3
- Ресен, Кратово, Богданци и Дојран – 2
- Демир Хисар, Свети Николе и Дебар – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, на починати е 7.072, а бројот на активни случаи изнесува 6.191.