Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.466 тестирања, а има 5 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 3
- Куманово и Тетово – по 1
Пријавено е едно починато лице од Кичево (39г).
Регистрирани се 8 оздравени пациенти од:
- Скопје и Тетово – по 2
- Кичево, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, бројката на оздравени пациенти е 149.916, на починати е 5.478, а бројот на активни случаи изнесува 251.