Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.749 тестирања, а има 5 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Тетово – 3
- Скопје – 2
Нема починати, а регистрирани сe 6 оздравени пациенти од:
- Велес – 2
- Скопје, Прилеп, Тетово и Пехчево по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.802, бројката на оздравени пациенти е 150.132, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 183.