Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.425 тестирања, а има 494 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 231
- Куманово – 49
- Велес – 31
- Штип – 24
- Кавадарци – 23
- Охрид – 19
- Кичево – 17
- Прилеп и Кочани – по 16
- Струмица – 12
- Битола – 8
- Струга – 7
- Тетово – 6
- Гевгелија – 5
- Делчево – 4
- Неготино, Радовиш и Виница – по 3
- Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод – по 2
- Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 од Скопје (94г, 78г, 70г, 68г, 61г и 49г), 2 од Кавадарци (77г и 63г) и по едно од Куманово (66г), Охрид (72г), Крива Паланка (59г) и Македонски Брод (74г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 10 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 29.09.2021 година. Шест од нив се од Скопје, 2 од Куманово и по едно од Валандово и Гостивар, на возраст од 52 до 88 години. Од нив, едно е починато во домашни услови, а 9 во болнички услови.
Регистрирани сe 474 оздравени пациенти од:
- Скопје – 272
- Куманово – 30
- Битола – 18
- Штип – 16
- Велес и Тетово – по 14
- Кавадарци – 13
- Кочани – 12
- Кичево и Радовиш – 10
- Струмица – 8
- Прилеп – 6
- Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 5
- Гевгелија, Свети Николе и Гостивар – по 4
- Неготино, Виница, Берово, Македонски Брод, Валандово и Дебар – по 3
- Демир Хисар и Пехчево – по 2
- Охрид и Пробиштип – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087.