Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.747 тестирања, а има 491 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 232
- Куманово – 41
- Штип – 26
- Велес – 20
- Битола – 19
- Охрид – 17
- Кавадарци – 16
- Прилеп – 15
- Струмица – 14
- Свети Николе и Кратово – по 10
- Кочани и Радовиш – по 8
- Гостивар и Кичево – по 7
- Гевгелија и Валандово – по 6
- Струга и Берово – по 5
- Ресен – 4
- Тетово и Пробиштип – по 3
- Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2
- Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1
Починале 16 лица: 8 од Скопје (88г, 82г, 82г, 76г, 72г, 72г, 71г и 64г), 3 од Куманово (80г, 71г и 65г) и по едно од Струмица (71г), Тетово (61г), Охрид (85г), Штип (86г) и Берово (45г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 14.09.2021 до 20.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Скопје и Штип и по едно починато лице од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54-83 години, од кои 3 лица починале во болнички услови, додека 3 лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 416 оздравени пациенти од:
- Скопје – 214
- Струмица – 70
- Куманово – 23
- Тетово – 16
- Штип – 12
- Кочани и Кичево – по 10
- Гостивар – 9
- Битола – 8
- Велес и Кавадарци – по 7
- Прилеп и Свети Николе – по 5
- Крива Паланка и Богданци – по 3
- Охрид, Кратово, Радовиш и Пробиштип – по 2
- Гевгелија, Валандово, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран - по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.113 бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486.