Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.491 тестирања, а има 487 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 230
- Куманово – 50
- Штип – 28
- Прилеп – 25
- Кочани –20
- Велес – 18
- Битола – 13
- Струмица – 10
- Гевгелија – 9
- Кавадарци, Охрид и Кратово – по 8
- Тетово, Неготино, Свети Николе и Ресен - по 6
- Кичево и Крива Паланка – по 5
- Струга и Пробиштип – по 4
- Радовиш и Виница – по 3
- Валандово, Богданци, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 2
- Берово и Демир Хисар – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 9 починати лица од Скопје (89г, 81г, 79г, 79г, 79г, 76г, 70г, 70г, и 61г), 3 починати лица од Куманово (74г, 74 г и 60г) и по едно починато лице од Валандово (83г), Кичево ( 63г) и Прилеп (59г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 23.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се четири починати лица од Скопје и Велес, на возраст од 33 до 83 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.
Регистрирани сe 1487 оздравени пациенти од:
- Скопје – 690
- Куманово – 130
- Тетово – 82
- Струмица и Кичево – по 60
- Велес – 58
- Прилеп – 45
- Штип – 39
- Охрид – 37
- Битола – 36
- Гостивар – 32
- Делчево – 29
- Струга – 25
- Свети Николе – 24
- Ресен – 19
- Радовиш – 18
- Кочани и Кавадарци – по 17
- Дебар – 14
- Крива Паланка – 11
- Виница – 9
- Гевгелија – 8
- Македонски Брод – 5
- Неготино, Берово и Демир Хисар – по 4
- Пробиштип и Македонска Каменица – по 3
- Крушево – 2
- Богданци и Дојран – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.351.460 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.156 бројката на оздравени пациенти е 185.459, на починати е 6.998, а бројот на активни случаи изнесува 5.699.