Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.151 тестирања, а има 482 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 194
- Велес – 50
- Куманово – 28
- Кочани – 26
- Кавадарци – 23
- Прилеп и Штип – по 20
- Битола – 19
- Тетово – 13
- Струмица и Крива Паланка – 11
- Свети Николе – 10
- Пробиштип – 9
- Охрид – 7
- Гевгелија и Берово – по 5
- Кичево и Ресен – по 4
- Гостивар и Македонска Каменица – по 3
- Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 2
- Делчево, Богданци, Крушево, Пехчево и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 6 од Куманово (89г, 85г, 71г, 71г, 58г и 52г), 4 од Прилеп (85г, 77г, 68г и 61г) и по едно од Кавадарци (69г) и Велес (62г). Од нив, 11 се починати во болнички услови, а едно дома.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 12.10.2021 до 23.10.2021 година. Регистрирани се 2 од Скопје, 2 од Битола и едно од Крива Паланка, на возраст од 81 до 41 години. Од нив, тројца се починати во домашни услови, а две лица во болнички услови.
Регистрирани сe 280 оздравени пациенти од:
- Скопје – 124
- Куманово – 46
- Штип – 18
- Велес – 15
- Кавадарци – 14
- Охрид – 13
- Кочани – 12
- Кичево и Македонска Каменица – по 6
- Прилеп и Струмица – по 5
- Струга, Свети Николе и Кратово – по 3
- Битола – 2
- Гевгелија, Неготино, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.539, бројот на оздравени пациенти е 186.211, на починати е 7.036, а бројот на активни случаи изнесува 6.292.