Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.145 тестирања, а има 476 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 208
- Битола – 45
- Велес – 29
- Прилеп – 22
- Куманово – 21
- Кавадарци – 18
- Охрид, Кочани и Гевгелија – по 13
- Штип – 11
- Делчево – 8
- Берово – 7
- Струмица, Неготино и Радовиш – по 6
- Тетово, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 5
- Ресен – 4
- Гостивар, Кичево, Виница , Валандово и Крушево – по 3
- Пробиштип и Пехчево – по 2
- Струга и Македонска Каменица – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: по 2 од Скопје (76г и 77г) и Куманово ( 65г и 73г) и по едно од Велес (79г), Кавадарци (68г), Штип (88г), Прилеп (70г) и Крива Паланка (40г). Осум се починати во болнички услови, а едно во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 14.11.2021. Тие се од Скопје (1), Битола (1), Велес(1) и Кочани (1), на возраст од 57-81г. Од нив, 3 лица се починати во домашни услови и едно во болнички услови.
Регистрирани сe 279 оздравени пациенти од:
- Скопје – 137
- Куманово – 28
- Кавадарци – 26
- Битола – 15
- Прилеп – 13
- Штип – 8
- Велес – 7
- Кочани – 6
- Охрид и Крива Паланка – по 5
- Тетово и Кратово – по 4
- Гевгелија и Пробиштип – по 3
- Струмица, Свети Николе, Демир Хисар, Кичево и Богданци – по 2
- Делчево, Неготино, Ресен, Македонска Каменица и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455.