Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.708 тестирања, а има 473 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 246
- Битола – 41
- Кавадарци – 23
- Охрид – 22
- Куманово – 21
- Прилеп – 18
- Кочани – 13
- Велес – 11
- Струмица и Гевгелија – по 9
- Валандово – 7
- Берово – 6
- Штип – 5
- Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица – по 4
- Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар – по 3
- Гостивар , Струга, Неготино, Ресен и Богданци – по 2
- Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 3 од Скопје (68г, 84г и 84г), по 2 од Куманово (66г и 70г) и Битола (77г и 79г) и по едно од Тетово (69г), Велес (89г), Кавадарци (79г), Крива Паланка (76г), Пехчево (93г), Ресен (76г) и Демир Хисар (82г). Од пријавените 13 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75-89г, сите лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 505 оздравени пациенти од:
- Скопје – 230
- Битола – 50
- Кавадарци – 32
- Кочани – 18
- Гевгелија – 17
- Прилеп, Велес и Тетово – по 16
- Крива Паланка – 14
- Куманово – 12
- Берово – 11
- Неготино – 10
- Штип и Кратово – по 7
- Охрид и Радовиш – по 6
- Кичево, Богданци и Виница – по 5
- Струмица, Валандово и Гостивар – по 4
- Ресен – 3
- Пробиштип – 2
- Демир Хисар, Струга, Макденоски Брод, Пехчево и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.779, бројот на оздравени пациенти е 197.998, на починати е 7.492, а бројот на активни случаи изнесува 8.289.