Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.296 тестирања, а има 469 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 205
- Битола – 50
- Кавадарци – 35
- Прилеп – 23
- Куманово и Штип – по 20
- Тетово – 13
- Велес и Охрид – по 11
- Крива Паланка и Делчево – по 9
- Кочани – 7
- Гевгелија – 6
- Струмица, Неготино, Ресен и Кратово – по 5
- Пехчево – 4
- Гостивар, Кичево, Свети Николе, Радовиш и Демир Хисар – по 3
- Виница и Македонска Каменица – по 2
- Струга, Берово, Богданци, Крушево, Макдеонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 13 починати лица: 3 од Скопје (44г, 60г и 77г), по 2 од Велес (73г и 80г) и Струмица (57г и 77г) и по едно од Прилеп (73г), Битола (73г), Кавадарци (75г), Кичево (77г), Неготино (33г) и Крива Паланка (82г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 375 оздравени пациенти од:
- Скопје – 178
- Куманово – 29
- Кавадараци и Битола – по 20
- Прилеп – 18
- Штип – 13
- Неготино – 12
- Велес – 11
- Кочани – 10
- Тетово – 9
- Свети Николе – 8
- Кичево и Пробиштип – по 7
- Крива Паланка и Делчево – по 6
- Гевгелија и Крушево – по 5
- Берово – 3
- Радовиш – 2
- Охрид, Ресен, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467, бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307, а бројот на активни случаи изнесува 8.415.