Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.512 тестирања, а има 467 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 245
- Куманово – 47
- Велес – 27
- Прилеп – 21
- Кавадарци – 17
- Кичево – 13
- Кочани – 12
- Битола – 11
- Крива Паланка – 9
- Охрид - 8
- Тетово и Струмица – по 6
- Штип, Радовиш и Валандово – по 5
- Кратово и Крушево – по 4
- Гостивар, Гевгелија и Демир Хисар – по 3
- Неготино, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 2
- Струга, Свети Николе, Берово, Богданци и Македонска Каменица – по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 5 од Скопје (73г, 72г, 70г, 61г и 57г), по 2 од Тетово (88г и 72г) и Кратово (73г и 66г), по едно од Демир Капија (69г), Прилеп (90г), Радовиш (55г) и Штип (74г).
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 28.09.2021 година. По две од Гостивар, Струмица и Тетово, и по едно од Скопје, Струга и Кавадарци, на возраст од 64 до 86 години. Од овие пријавени лица, 5 се починати во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 496 оздравени пациенти од:
- Скопје – 269
- Куманово – 51
- Струмица – 23
- Велес – 21
- Прилеп – 20
- Битола и Тетово - по 15
- Штип – 14
- Кавадарци и Кичево – по 11
- Радовиш, Гостивар и Свети Николе – по 6
- Крива Паланка, Гевгелија и Виница – по 4
- Пробиштип и Ресен – по 3
- Кочани и Делчево – по 2
- Охрид , Валандово, Неготино, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.463 бројката на оздравени пациенти е 171.871, на починати е 6.630, а бројот на активни случаи изнесува 11.962.