Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.533 тестирања, а има 467 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 245
- Куманово – 34
- Велес – 22
- Битола – 20
- Прилеп – 19
- Кавадарци – 18
- Тетово – 17
- Охрид – 13
- Струга и Ресен – по 8
- Штип, Гевгелија и Крива Паланка – по 7
- Струмица, Кичево и Дебар – по 6
- Гостивар – 5
- Кочани, Неготино и Демир Хисар – по 3
- Радовиш, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 2
- Берово и Виница – по 1
Од вкупниот број на позитивни (467), регистрирани се 58 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: 4 од Скопје (88г, 88г, 85г и 75г) и по едно починато лице од Дебар (88г), Кавадарци (71г), Демир Хисар (80г), Охрид (67г,), Демир Капија (82г) и Неготино (87г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 77г. до 85г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 26.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 414 оздравени пациенти од:
- Скопје – 202
- Битола – 28
- Кавадарци и Велес – по 26
- Куманово – 21
- Прилеп – 19
- Штип – 13
- Тетово – 12
- Струмица – 10
- Кичево – 9
- Крива Паланка – 8
- Гостивар – 7
- Гевгелија – 6
- Струга – 5
- Радовиш – 4
- Кочани, Неготино и Свети Николе – по 3
- Охрид, Ресен и Валандово – по 2
- Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.662, бројот на оздравени пациенти е 286.378, на починати е 9.050 а бројот на активни случаи изнесува 3.233.