Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.707 тестирања, а има 465 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 341
- Кавадарци – 21
- Струмица – 19
- Штип – 15
- Куманово – 13
- Охрид – 11
- Прилеп – 6
- Гостивар – 5
- Велес, Струга и Гевгелија по – 4
- Битола, Тетово, Крива Паланка и Богданци по – 3
- Кичево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по - 1
Од вкупниот број на позитивни (465), регистрирани се 92 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 6 од Скопје (70г, 71г, 75г, 80г, 83г и 95г), по две од Кочани (60г и 75г), Неготино (78г и 88г) и Прилеп (72г и 77г) и по едно од Велес (78г), Кичево (66г), Куманово (83г), Охрид (93г), Свети Николе (80г), Струга (80г), Струмица (76г) и Штип (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Ресен (72г), починато во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 1.880 оздравени пациенти од:
- Скопје – 1.181
- Кавадарци – 81
- Куманово – 68
- Битола – 63
- Струмица – 56
- Велес – 55
- Гевгелија – 39
- Прилеп и Охрид по – 30
- Гостивар и Валандово по – 29
- Кичево – 20
- Тетово, Неготино и Радовиш по – 19
- Штип и Струга по -18
- Крива Паланка – 16
- Кочани и Свети Николе по – 12
- Богданци – 11
- Македонски Брод – 10
- Ресен – 8
- Делчево и Кратово по – 7
- Берово – 5
- Пехчево – 4
- Виница, Пробиштип, Демир Капија и Дојран по – 3
- Демир Хисар – 2
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.481, бројот на оздравени пациенти е 269.014, на починати е 8.768, а бројот на активни случаи изнесува 9.699.