Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.553 тестирања, а има 464 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 225
- Куманово – 42
- Струмица – 35
- Штип – 27
- Велес – 24
- Охрид – 21
- Прилеп – 15
- Тетово – 10
- Свети Николе – 8
- Кичево – 7
- Ресен – 6
- Кавадарци, Кочани и Кратово – по 5
- Гостивар, Битола, Дебар и Виница – по 4
- Радовиш и Крива Паланка – по 3
- Струга и Неготино – по 2
- Гевгелија, Македонски Брод и Дојран – по 1
Пријавени се 23 починати лица: 11 од Скопје (47г, 55г, 61г, 78г, 78г, 79г, 79г, 81г, 81г, 81г и 83г), по 3 од Охрид (40г, 68г и 75г) и Струга (45г, 67г и 77г), 2 од Велес (60г и 73г) и по едно од Тетово (62г), Куманово (54г), Кичево (72г) и Македонски Брод (73г). Од пријавените, 21 лице е починато во болнички услови и 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 435 оздравени пациенти од:
- Скопје – 183
- Гостивар – 43
- Куманово – 27
- Струмица – 22
- Битола – 20
- Кичево – 19
- Штип – 15
- Свети Николе – 13
- Кавадарци – 11
- Прилеп – 10, Велес и Кочани – по 8
- Ресен и Богданци – по 7
- Делчево – 6
- Неготино – 5
- Радовиш и Кратово – по 4
- Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Валандово и Македонска Каменица – по 3
- Берово, Крушево и Македонски Брод – по 2
- Пробиштип и Демир Хисар – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројката на оздравени пациенти е 163.852, на починати е 6.259, а бројот на активни случаи изнесува 13.412.