Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.416 тестирања, а има 459 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 235
- Штип – 30
- Тетово – 26
- Куманово и Струмица – по 19
- Дебар – 13
- Гостивар, Охрид и Кичево – по 12
- Велес и Свети Николе – по 10
- Битола и Прилеп – по 9
- Крива Паланка и Струга – по 7
- Радовиш – 5
- Кавадарци и Кочани – по 4
- Богданци – 3
- Виница, Гевгелија, Кратово и Ресен – по 2
- Берово, Делчево, Македонски Брод, Неготино и Пехчево – по 1
Починато е 21 лице: 6 од Скопје (94г, 77г, 75г, 75г, 73г, 65г), по 3 од Тетово (81г, 66г, 64г), Гостивар (84г, 67г, 59г) и Струмица (67г, 58г, 49г), 2 од Кичево (67г, 67г) и по едно од Куманово (63г), Прилеп (69г), Битола (81г) и Неготино (69г). Сите починати во болнички услови.
Регистрирани сe 368 оздравени пациенти од:
- Скопје – 136
- Гостивар – 49
- Куманово и Кичево – по 34
- Кавадарци – 20
- Штип -18
- Прилеп, Кочани и Свети Николе – по 10
- Битола и Велес – по 8
- Радовиш – 7
- Гевгелија и Кратово- по 5
- Пробиштип – 4
- Македонски Брод – 3
- Ресен и Делчево – по 2
- Струмица, Неготино и Демир Хисар – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.045, бројката на оздравени пациенти е 158.809, на починати е 6.065, а бројот на активни случаи изнесува 15.171.