Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.425 тестирања, а има 454 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 209
- Куманово – 45
- Штип – 22
- Кавадарци – 17
- Прилеп – 16
- Велес – 15
- Битола – 13
- Крива Паланка – 12
- Охрид и Струмица – по 11
- Кичево – 10
- Кочани, Свети Николе и Кратово – по 9
- Тетово и Гевгелија – по 7
- Ресен – 5
- Виница и Валандово – по 4
- Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3
- Гостивар, Струга, Дебар и Демир Хисар – по 2
- Берово и Крушево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 5 од Скопје (84г, 79г, 66г, 62г и 57г), 2 од Куманово (63г и 30г) и по едно од Гостивар (64г) и Кавадарци (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година. По две од починати лица се од Скопје и Струмица, а по едно од Куманово, Кичево и Кавадарци. Тие се на возраст од 56 до 81 година. Од пријавените лица, 2 се починати во домашни услови, а 5 лица во болнички услови.
Регистрирани сe 308 оздравени пациенти од:
- Скопје – 208
- Струмица – 17
- Тетово – 10
- Велес и Битола – по 8
- Прилеп и Кочани – по 7
- Штип – 6
- Дебар – 4
- Крива Паланка, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Пробиштип – по 3
- Кавадарци, Кратово, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Делчево и Демир Капија – по 2
- Виница, Валандово, Македонска Каменица и Богданци – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.915 бројката на оздравени пациенти е 172.179, на починати е 6.646, а бројот на активни случаи изнесува 12.090.