Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.019 тестирања, а има 454 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 187
- Битола – 37
- Прилеп – 32
- Куманово – 30
- Штип – 29
- Кавадарци – 25
- Велес и Тетово – по 17
- Охрид – 12
- Кочани и Пробиштип – по 9
- Крива Паланка и Ресен – по 7
- Неготино – 5
- Свети Николе – 4
- Богданци, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Струга и Струмица – по 3
- Берово и Кичево – по 2
- Виница, Гостивар, Дојран, Македонски Брод и Пехчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 6 од Скопје (52г, 53г, 66г, 77г, 80г и 87г), 2 од Велес (57г и 85г) и по едно од Кочани (62г), Битола (71г), Куманово (73г), Струмица (73г), Кратово (77г), и Кавадарци (79г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лица со датум на смрт од 31.10.2021. Лицето е од Скопје, на возраст од 76 години и е починато во болнички услови.
Регистрирани сe 236 оздравени пациенти од:
- Скопје – 98
- Куманово – 23
- Штип – 17
- Велес – 16
- Кавадарци – 14
- Битола – 12
- Прилеп – 10
- Радовиш – 7
- Кочани и Пробиштип – по 6
- Ресен и Берово – по 4
- Свети Николе, Струмица, Делчево, Демир Хисар, Виница, Пехчево и Кратово – по 2
- Гевгелија, Богданци, Кичево, Гостивар и Крушево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077, бројот на оздравени пациенти е 190.806, на починати е 7.232, а бројот на активни случаи изнесува 8.039.