Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.859 тестирања, а има 449 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 195
- Битола – 47
- Прилеп – 19
- Кавадарци – 18
- Берово – 17
- Куманово – 16
- Кочани – 15
- Велес и Штип – по 13
- Гевгелија – 12
- Делчево – 11
- Охрид – 10
- Струмица – 8
- Неготино – 7
- Валандово – 6
- Тетово, Радовиш и Ресен – по 5
- Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 4
- Кичево и Богданци – по 3
- Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2
- Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица: 4 од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), 2 од Прилеп (65г и 82г), и по едно од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, е пријавено 1 починато лице со датум на смрт од 16.11.2021. Лицето е од Кавадарци е починато во домашни услови.
Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од:
- Скопје – 125
- Берово – 26
- Кавадарци – 24
- Велес – 19
- Битола – 15
- Прилеп – 13
- Штип и Гевгелија – по 10
- Неготино и Кратово – по 9
- Кочани – 8
- Валандово и Тетово – по 6
- Крива Паланка, Куманово и Струга – по 5
- Струмица, Богданци и Пехчево – по 4
- Делчево и Охрид – по 3
- Крушево – 2
- Пробиштип и Виница – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.831, бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472.