Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.938 тестирања, а има 444 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 190
- Битола – 43
- Прилеп – 27
- Кавадарци – 19
- Кочани – 16
- Велес и Струмица – по 15
- Охрид и Берово – по 13
- Ресен – 11
- Куманово и Штип – по 10
- Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево – по 6
- Крива Паланка и Кратово – по 5
- Валандово – 4
- Неготино, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3
- Радовиш и Пробиштип – по 2
- Гостивар, Струга, Дебар, Виница и Пехчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица: 3 од Скопје (67г, 75г и 79г) и по едно од Битола (53г), Велес (59г), Кавадарци (81г), Крушево (84г), Прилеп (66г), Пробиштип (73г), Радовиш (72г) и Штип (78г). Сите лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 16.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово(1), Струмица(1) и Битола (1). Починатите лица се на возраст од 65-80г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Регистрирани сe 467 оздравени пациенти од:
- Скопје – 193
- Куманово – 34
- Битола – 26
- Тетово – 24
- Штип – 23
- Кавадарци – 21
- Прилеп – 19
- Кочани – 18
- Велес – 13
- Делчево, Крива Паланка и Неготино – по 11
- Гевгелија – 9
- Струмица – 8
- Свети Николе и Радовиш – по 6
- Берово и Пробиштип – по 5
- Ресен, Кичево и Кратово – по 4
- Демир Хисар и Виница – по 3
- Демир Капија – 2
- Охрид, Богданци, Крушево и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.382, бројот на оздравени пациенти е 195.624, на починати е 7.406, а бројот на активни случаи изнесува 8.352.