Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.939 тестирања, а има 442 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 168
- Битола – 41
- Прилеп – 31
- Кавадарци – 24
- Охрид – 15
- Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани – по 13
- Делчево – 11
- Ресен и Валандово – по 10
- Демир Хисар – 9
- Неготино и Берово – по 8
- Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7
- Тетово – 3
- Македонска Каменица – 2
- Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: 2 од Скопје (57г, 78г) и по едно од Делчево (83г), Кочани (77г) и Крива Паланка (84г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 11.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Охрид (1), Делчево (1), Македонска Каменица (1), Тетово (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 65-86г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Регистрирани сe 373 оздравени пациенти од:
- Скопје – 165
- Прилеп – 36
- Битола – 27
- Крива Паланка – 15
- Куманово – 14
- Кочани – 13
- Охрид – 11
- Кавадарци и Кратово – по 9
- Струмица и Неготино – по 8
- Демир Хисар – 7
- Штип, Ресен и Кичево – по 6
- Гевгелија – 5
- Велес, Берово и Радовиш – по 4
- Тетово, Струга и Пробиштип – по 3
- Виница – 2
- Свети Николе, Богданци, Пехчево, Крушево и Демир Капија – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а бројот на активни случаи изнесува 8.339.