Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.026 тестирања, а има 434 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 195
- Битола – 41
- Прилеп – 26
- Кавадарци – 20
- Куманово – 17
- Охрид и Берово – по 12
- Тетово и Велес – по 11
- Штип – 9
- Кочани – 8
- Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар – по 7
- Гевгелија – 6
- Струмица, Ресен и Валандово – по 5
- Радовиш и Виница – по 4
- Кратово и Македонска Каменица – по 3
- Неготино – 2
- Кичево, Дебар, Пробиштип, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (46г, 65г, 79г и 79г), 2 починати лица од Битола (83г и 84г) и по едно починато лице од Велес (73г), Кавадарци (72г), Кочани (67г), Делчево (70г), Крушево (69г) и Радовиш(76г). Од пријавените 10 лица се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 15.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (1), Гостивар (1), Велес (1), Крива Паланка (1) и Делчево (1). Починатите лица се на возраст од 50-88г, 6 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Регистриран e 421 оздравен пациент од:
- Скопје – 200
- Битола – 33
- Куманово – 22
- Делчево – 21
- Кавадарци и Велес – по 19
- Охрид – 14
- Прилеп – 13
- Штип и Кочани – по 10
- Берово и Гевгелија – по 9
- Пробиштип – 6
- Радовиш и Неготино – по 5
- Тетово и Крива Паланка – по 4
- Виница и Кичево – по 3
- Свети Николе, Демир Хисар и Ресен – по 2
- Кратово, Македонска Каменица, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.213, бројот на оздравени пациенти е 198.419, на починати е 7.511, а бројот на активни случаи изнесува 8.283.