Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.663 тестирања, а има 432 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 142
- Битола – 47
- Прилеп – 31
- Куманово – 22
- Кавадарци – 19
- Тетово, Велес и Кочани – по 18
- Штип и Радовиш – по 12
- Демир Хисар – 9
- Гевгелија, Ресен и Делчево – по 8
- Виница – 7
- Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6
- Охрид и Кичево – по 5
- Струмица – 4
- Крушево – 3
- Македонска Каменица – 2
- Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 13 починати лица: 4 од Скопје (45г, 78г, 88г и 90г), по 2 од Куманово (42г и 70г), Битола (51г и 68г) и Прилеп (66г и 70г) и по едно од Делчево (74г), Велес (79г) и Кочани (55г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021. Тие се од Крива Паланка (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Виница(1), на возраст од 57-82г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 448 оздравени пациенти од:
- Скопје – 186
- Куманово – 42
- Прилеп и Велес – по 26
- Кавадараци – 21
- Битола – 19
- Кочани и Штип – по 16
- Тетово и Крива Паланка – по 14
- Кичево – 9
- Пробиштип – 8
- Неготино и Охрид – по 6
- Гевгелија и Делчево - по 5
- Демир Хисар и Струга - по 4
- Кратово и Свети Николе – по 3
- Радовиш, Гостивар, Берово, Струмица и Валандово – по 2
- Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Пехчево и Македонски Брод – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.998, бројот на оздравени пациенти е 192.370, на починати е 7.294, а бројот на активни случаи изнесува 8.334.