Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.025 тестирања, а има 413 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 205
- Куманово – 37
- Велес – 20
- Прилеп – 19
- Битола – 15
- Штип – 14
- Кавадарци – 12
- Пробиштип – 9
- Тетово, Охрид и Гевгелија – по 8
- Кичево и Кочани – по 7
- Струмица – 6
- Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 5
- Македонска Каменица – 4
- Струга, Неготино, Радовиш и Кратово – по 3
- Богданци и Демир Хисар – по 2
- Гостивар, Берово и Пехчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, починале 9 лица: 4 од Скопје (74г, 73г, 72г и 28г), 2 од Велес (86г и 74г) и по едно од Кавадарци (65г), Пробиштип (55г) и Штип (71г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати, со датум на смрт од 06.10.2021 до 09.10.2021 година. Починатите се од Куманово, Струмица, Кичево и Гостивар, на возраст од 57 до 84 години. Од нив, 2 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 309 оздравени пациенти од:
- Скопје – 137
- Куманово – 27
- Штип – 20
- Битола – 14
- Кавадарци, Кочани и Свети Николе – по 12
- Велес – 11
- Тетово – 9
- Прилеп – 8
- Крива Паланка – 7
- Охрид – 6
- Виница – 5
- Гевгелија и Струмица – по 4
- Струга , Неготино, Кратово, Ресен и Валандово – по 3
- Демир Хисар и Крушево – по 2
- Пробиштип и Радовиш – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.376 бројката на оздравени пациенти е 182.782, на починати е 6.901, а бројот на активни случаи изнесува 6.693.