Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.674 тестирања, а има 410 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 185
- Битола – 31
- Прилеп – 22
- Охрид и Струмица – по 15
- Велес, Кавадарци и Штип – по 14
- Куманово – 13
- Тетово и Кочани – по 10
- Делчево – 8
- Крива Паланка и Пробиштип – по 6
- Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 5
- Берово, Кратово и Крушево – по 4
- Неготино – 3
- Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Виница, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2
- Гостивар, Струга, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 6 од Скопје (62г, 69г, 70г, 75г, 80г и 94г) и по едно од Прилеп (88), Охрид (58г), Велес (57г), и Тетово (50г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021. Починатото лице е од Гостивар, на возраст од 68г, невакцинирано и починато во болнички услови.
Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од:
- Скопје – 156
- Битола – 26
- Куманово – 14
- Кавадарци – 10
- Прилеп и Охрид – по 9
- Струмица и Штип – по 8
- Неготино – 6
- Гевгелија и Македонска Каменица – по 5
- Делчево – 4
- Тетово, Кратово, Свети Николе и Ресен - по 3
- Велес, Радовиш, Виница, Македонски Брод, Гостивар и Богданци – по 2
- Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Берово, Пехчево и Кичево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, бројот на оздравени пациенти е 200.293, на починати е 7.592, а бројот на активни случаи изнесува 8.110.