Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.024 тестирања, а има 41 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 31
- Кавадарци – 4
- Неготино – 2
- Куманово, Прилеп, Тетово и Штип – по 1
Од вкупниот број на позитивни (41), регистрирани се 10 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Кичево (89г).
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од: Скопје (66г) и Кавадарци (55г). Од пријавените, едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови. Пријавените се починати на 15.03.2022 год.
Регистрирани сe 457 оздравени пациенти од:
- Скопје – 250
- Битола – 33
- Прилеп – 29
- Охрид – 28
- Тетово – 19
- Кичево – 16
- Велес – 10
- Делчево – 9
- Куманово и Гостивар – по 6
- Кавадарци и Струмица – по 5
- Кочани, Радовиш, Виница и Крушево – по 4
- Штип, Гевгелија, Ресен , Дебар и Пробиштип – по 3
- Струга и Богданци – по 2
- Неготино, Крива Паланка, Валандово, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.566.