Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.751 тестирања, а има 409 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 218
- Прилеп – 37
- Битола – 32
- Кавадарци – 19
- Велес – 18
- Македонски Брод – 9
- Кичево и Гевгелија – по 8
- Куманово и Богданци – по 7
- Кочани, Струга и Ресен – по 6
- Охрид – 5
- Тетово и Штип – по 4
- Струмица и Крива Паланка – по 3
- Гостивар, Делчево и Валандово – по 2
- Неготино, Радовиш и Виница – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 6 починати лица од Скопје (62г, 65г, 73г, 74г, 88г и 90г) и по едно починато лице од Битола (52г), Кавадарци (39г) и Прилеп (63г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт 20.12.2021 година. Регистрираното лице е од Охрид (1), на возраст од 80 години и е починато во болнички услови.
Регистрирани сe 289 оздравени пациенти од:
- Скопје – 161
- Прилеп – 21
- Охрид – 17
- Кавадарци – 10
- Куманово, Битола и Велес – по 9
- Ресен – 8
- Кичево – 7
- Тетово и Гевгелија – по 6
- Струмица – 4
- Свети Николе, Радовиш и Богданци – по 3
- Штип, Делчево Валандово и Демир Хисар – по 2
- Гостивар, Кочани, Крива Паланка, Дебар и Македонски Брод – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, бројот на оздравени пациенти е 211.021, на починати е 7.917, а бројот на активни случаи изнесува 4.801.