Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.074 тестирања, а има 4 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани.

Пријавено е едно починато лице од Скопје (80г).
Регистрирани се 68 оздравени пациенти од:
- Скопје – 32
- Куманово и Кичево – по 6
- Тетово, Охрид и Струмица – по 4
- Струга и Делчево – по 3
- Кочани и Неготино – по 2
- Прилеп и Македонска Каменица – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.616, бројката на оздравени пациенти е 149.790, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 351.