Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.337 тестирања, а има 4 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 3
- Прилеп – 1

Пријавено е едно починато лице од Скопје на 66-годишна возраст.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти од:
- Скопје – 8
- Куманово – 3
- Прилеп, Неготино и Македонска Каменица по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.