Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.858 тестирања, а има 396 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 196
- Битола – 31
- Прилеп – 23
- Гевгелија – 17
- Охрид – 16
- Кавадарци – 14
- Куманово – 13
- Струмица – 10
- Ресен – 9
- Велес – 8
- Штип и Кочани – по 7
- Берово и Валандово – по 6
- Неготино – 5
- Тетово, Кичево и Струга – по 4
- Богданци и Македонски Брод – по 3
- Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш и Крушево – по 2
- Делчево и Дебар – 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 5 починати лица од Скопје (68г, 72г, 74г, 89г и 94г), две починати лица од Прилеп (53г и 64г) и по едно починато лице од Охрид (87г), Куманово (81г), Свети Николе (71г),Битола (51г), Велес (83г), Струмица (61) и Берово (78г). Сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени четири починати лица со датум на смрт 17.12. до 25.12.2021 година. Регистрираните се починати лица од Пехчево (2), Скопје (1) и Штип (1). на возраст од 71 до 87 години. Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=18), 7 лица се целосно вакцинирани.
Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од:
- Скопје – 116
- Битола – 14
- Кавадарци – 13
- Прилеп и Охрид – по 9
- Крива Паланка - 7
- Куманово и Штип – по 4
- Струмица, Кочани, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 3
- Тетово, Велес, Кичево, Струга и Демир Хисар – по 2
- Неготино, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци и Крушево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.134, бројот на оздравени пациенти е 211.228, на починати е 7.935, а бројот на активни случаи изнесува 4.971.