Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.595 тестирања, а има 395 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 177
- Куманово – 35
- Велес – 31
- Штип – 21
- Кавадарци – 19
- Прилеп – 17
- Охрид и Кочани – по 12
- Битола – 11
- Струмица – 10
- Гевгелија – 7
- Тетово – 6
- Кичево – 5
- Кратово – 4
- Гостивар, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3
- Пробиштип – 2
- Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, починале 14 лица: 6 починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г),Радовиш (67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година. Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.
Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од:
- Скопје – 121
- Велес – 22
- Куманово – 21
- Штип – 15
- Кавадарци – 10
- Струмица – 8
- Прилеп – 7
- Кочани – 5
- Битола, Дебар и Виница – по 4
- Тетово и Кичево – по 3
- Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип – по 2
- Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.762 бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи изнесува 6.813.