Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.744 тестирања, а има 375 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 180
- Прилеп – 30
- Битола – 28
- Кавадарци – 26
- Куманово – 13
- Велес – 12
- Радовиш – 11
- Делчево – 9
- Кочани и Валандово – по 8
- Крива Паланка и Ресен - по 7
- Охрид – 5
- Тетово и Македонски Брод - по 4
- Гостивар, Штип, Кичево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3
- Струмица и Гевгелија – по 2
- Струга, Неготино, Крушево и Пехчево - по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 3 од Скопје (87г, 78г и 62г) и по едно од Кавадарци (60г), Струга (83г), Струмица (72г), Кочани (59г), Штип (73г) и Свети Николе (86г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 7 починати лица со датум на смрт од 22.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Велес (2), Скопје (1), Гостивар (1), Охрид (1), Струмица (1) и Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 44 до 82 години. Две лица се починати во домашни услови и пет лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 507 оздравени пациенти од:
- Скопје – 246
- Битола - 43
- Прилеп – 25
- Куманово – 22
- Охрид – 18
- Кавадарци – 17
- Велес – 15
- Тетово – 14
- Делчево – 13
- Кочани и Струмица - по 10
- Крива Паланка – 9
- Штип и Свети Николе – по 7
- Радовиш и Гевгелија - по 6
- Ресен – 5
- Валандово, Струга, Неготино и Берово – по 4
- Виница и Кратово – по 3
- Демир Хисар, Македонска Каменица и Пробиштип – по 2
- Македонски Брод, Гостивар, Кичево, Дебар, Богданци и Демир Капија – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.