Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.489 тестирања, а има 373 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 196
- Битола – 36
- Охрид – 20
- Кавадарци – 18
- Прилеп – 17
- Струмица и Гевгелија – по 11
- Велес – 9
- Крива Паланка – 7
- Куманово и Штип – по 6
- Кичево, Неготино, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 4
- Тетово, Кочани и Делчево – по 3
- Радовиш – 2
- Струга, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 8 од Скопје (54г, 66г, 68г, 71г, 79г ,87г, 87г и 87г), две од Битола (67г и 72г) и по едно од Кичево (75г) и Штип (74г). Сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се шест починати лица со датум на смрт од 03.12. до 21.12.2021 година. Регистрираните се починати лица од Скопје (3), Битола(1), Куманово (1) и Струга (1). На возраст од 65 до 92 години. Три лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 320 оздравени пациенти од:
- Скопје – 175
- Прилеп – 24
- Битола – 19
- Кавадарци – 18
- Охрид – 13
- Велес – 9
- Гевгелија – 8
- Штип – 7
- Куманово – 6
- Ресен, Тетово и Радовиш – по 5
- Кичево и Валандово – по 4
- Струмица и Кратово – по 3
- Неготино и Кочани – по 2
- Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Свети Николе, Берово, Виница, Пробиштип и Пехчево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.507, бројот на оздравени пациенти е 211.548, на починати е 7.953, а бројот на активни случаи изнесува 5.006.