Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.108 тестирања, а има 37 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 15
- Куманово – 5
- Прилеп – 3
- Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево по 2
- Битола, Струмица, Неготино и Радовиш по 1
Пријавени се вкупно 10 починати лица: 3 лица од Скопје (70г, 65г, 56г), 2 лица од Куманово (69г и 57г) и по едно лице од Тетово (68г), Велес (80г), Кочани (71г), Дебар (57г) и Крушево (67г).
Регистрирани се 90 оздравени пациенти од:
- Скопје – 50
- Куманово – 8
- Велес – 5
- Тетово, Струмица, Кочани и Кратово по 3
- Битола, Гостивар, Кичево, Гевгелија и Неготино по 2
- Струга, Берово, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.